„Врие“ од полиција во Сингелиќ и Арачиново

Утрово во Сингелиќ и Арачиново имало претреси на повеќе локации од страна на полициски службеници и специјалци, објави „Макфакс“.

Според информациите на „Макфакс“ биле уапсени речиси 20 лица, а од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција.

Наскоро се очекуваат повеќе детали од МВР.