Времето во наредните 5 дена

Денес е вторник, 6 јуни 2017 година, 157-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:08 часот. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. 


Во утринските часови во Македонија преовладува претежно ведро и топло време

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне развој на нестабилност што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд, а врнежите ќе изостанат во крајните западни предели, централните како и во југоисточните и крајните источни предели. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 21 односно до 33 степени. УВ индекс 8. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 8. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда во утринските и претпладневните часови претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне зголемување на облачноста и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите од дожд ќе изостанат во југоисточните предели. Минималните температури од 9 до 18 степени, а максималните од 22 до 34 степени. Од четврток стабилизација на времето, па во четврток, петок и сабота ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со температури кои што ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во четврток утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните од 21 до 32 степен. Во петок денот ќе го започнеме со посвежо утро и утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 5 до 14 степени, а максималните ќе достигнат од 22 до 34 степени. Во сабота минималните од 7 до 16 степени, а максималните од 23 до 35 степени.

Weather4all.com.mk