
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, со температури од 4 степени минималната во Берово, до 30 степени во Скопје и Гевгелија.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од југозападен правец.
Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
