Времето кога од секој дом мирисаше на домашен месен леб

Верувам дека не постои човек кој не помирисал и не пробал домашен месен леб. Опојна миризба, прекрасен вкус...

Бабите беа ескперти во тоа. Недостасува тоа време кога од секој дом мирисаше на прекрасен месен леб. Миризба кој што се ширеше по улиците. И не само од еден дом, туку од секој. Особено во утринските часови, кога домаќинките почнуваат со вршење на домашните обврски.

Домашен мек, топол леб, со сирење, или пак со шеќер за најмалите... неодоливо нешто и превкусно. Каква чоколада, какви слатки, леб и шеќер, најомилена комбинација од детството.

Во поодапмнешно времето домаќинките лебот го печеле во фурни на дрва, а подоцна во шпорети. Но, без разлика, вкус кој и денеска не може да се заборави.

Нашите, македонски баби за многу работи беа прекрасни и вешти.

Среќни се они кои и ден денска ја имаат својата баба, можат да уживаат во нејзините прекрасни јадења, во нејзината вистинска љубов, едноставно во нејзината присутност.