Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 22 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 29 степени.