Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Во Скопје  не очекува сончево време со дневни температури од 7 до 15 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер особено долж Повардарието и во источните делови. Дневните температури ќе се движат од 7 до 18 степени.

Во следните денови ќе биде суво со мала до умерена облачност. Утре наутро ќе е доста студено, а потоа утринските малку ќе се покачат. Ќе дува и повремено силен ветер најизразен во понеделник и среда. Од вечерта кон четврток од запад ќе започнат врнежи кои ќе се претежно од дожд, а на планините од снег. Во четврток од изутрина особено во западните делови и на север врнежите од дожд понекаде ќе преминуваат во врнежи од снег.