Времето денес и какво време да очекуваме овој викенд?

Во Македонија во четврток во утринските и претпладневните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат во источната половина од Македонија, па врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните и југозападните предели, а над 1100 метри врнежите ќе бидат од снег од снег.

Ветерот ќе слабее но и ќе го промени правецот и ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Минималните температури од 1 до 9 степени, а максималните од 4 до 14 степение. 

Во Скопје во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура од 6 степени, а максималната до 10 степени. 

По периодот на натпросечни температури не очекува период кога температурите ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината. Во петок умерено облачно со сончеви периоди, а во западните, југозападните, јужните и југоисточните предели со врнежи од дожд, а над 900 метри со врнежи од снег. Максималните температури од 4 до 13 степени. Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност и потопло со дневни температури кои ќе се движат од 9 до 18 степени. Во понеделник претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста и потопло со дневни температури кои ќе се движат од 11 до 19 степени.

Weather4all.com.mk