Временска за наредните денови: Доаѓа снег

Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во следните два дена, ќе биде студено и суво. Нови врнежи, претежно од снег, ќе има во четврток.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 3, Прилеп 2, Крива Паланка и Берово -1, Кавадарци 5, Дојран 6...

За утре прогнозата е сончево со мала до умерена облачност и студено и дневни температури од -3 во Мавров, 3 во Охрид, 4во Скопје до 7 во Дојран..