
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираше за тоа какво време може да се очекува до крајот на оваа недела.
Според објавата на УХМР, продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.
На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури.
Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Во прилог и табеларен приказ за очекуваната температура од утре до понеделник:
