Временска прогноза за наредните денови - зимата сеуште не е завршена

Денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поинтензивни процеси се очекуваат во раните утрински часови во западните, а околу пладне во источните делови од земјава, каде за кратко време можно е да наврнат над 15 л/м2 дожд.

Попладне облачноста ќе се намали.

Посвежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната работна седмица. Според метео сервисот Accuweather вторник и среда ќе бидат проследени со дождови и можност за снег на планините.

Во четврток се очекува и значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег.