Временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а дневната од 26 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.

До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на студена воздушна маса, ќе има зголемување на облачноста проследена со врнежи од дожд и повремено засилен северен ветер.

Дневните температури значително ќе опаднат, во поголем дел од земјава повеќе од 10 степени.