Временска прогноза за наредните денови

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено на западот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19 степени, а максималните од 29 до 36 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло претпладне со мала, а попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени.

До недела ќе се задржи топло време. Утре во попладневните часови претежно на запад ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.

Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневна температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места. Потоа температурата ќе е во пораст.