Временска прогноза за наредните денови

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Дневните температури ќе се движат од 29 до 37 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и максимална дневна температура до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.