Временска прогноза за наредните денови

Во пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови.

Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.

Во Скопската Котлина, претежно во попладневните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, некаде со појава на град и проследени со повремено засилен ветер.

И во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, локално процесите ќе бидат и во форма на невреме. В петок се очекува врнежите да бидат пообилни. Во овие денови утринските и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.