Временска прогноза за наредните денови

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира. 

Дневната температура ќе се движи од 20 до 32 Целзиусови степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Доцна попладне времето ќе се стабилизира.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 30 степени. 

Утре и задутре преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.