Временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидерометеролошки работи.

Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови, каде е можно процесите краткотрајно да бидат поинтензивни. Минималните температури ќе се движат од 10 до 16 степени, а максималните од 25 до 32 степена.

И во Скопската котлина попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, со температури до 30 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде претежно северен. Нешто понестабилен период се очекува кон крајот на работната седмица.