Временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а попладне како што информираат од УХМР, во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 31 степен.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд. Утре ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер.

Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и во сабота, особено во западните делови од државата.