Временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува.

Утринската температура ќе се спушти на два, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура од четири степени, додека дневната ќе биде 23.

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.

Еве какво време не очекува наредните три дена според УХМР: