Временска прогноза за наредните денови

Времето утрово е променливо облачно со слаба магла по котлините и по речните долини. Дува слаб ветер од северен и северозападен правец повеќе е изразен на повисоките места и на планините. Слаби врнежи од дожд има во Крива Паланка.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб локален снег, особено во крајниот северозападен дел од земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, а кон крајот на ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната максимална температура ќе достигне до 8 степени.

Утре во раните утрински часови сè уште ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а за викендот се очекува нов влажен бран.