Временска прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со слаб источен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 17 степени

Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините и ќе услови позначително опаѓање на дневната температура.