Временска прогноза: Претпладне сонце, попладне дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде посончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд. Попладне ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.