Временска прогноза: Очекувајте засилен северен ветар, понатамошно заладување и провејување на снег

Сончево со умерена облачност ќе биде и во текот на денешниот ден, облачноста ќе се зголемува во вечерните часови па така во текот на ноќта кон понеделник локално ќе провејува слаб снег.

Од утре веќе ќе има зголемена облачност а ќе има и повремени локални врнежи, и тоа претежно од снег, иако на некои од пониските места има услови и за дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. На повисоките места и на планините повремено ќе бидат и со умерен интензитет, со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка за неколку зантиметри.

Услови за сосема мала снежна покривка има некаде и на пониските места, а температурите ќе бележат тенденција на постепено опаѓање. Утре ветарот ќе ја намали својата брзина додека повторно ќе засили во понеделник и во вторник.

Во следните неколку денови минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени додека на планинските места ќе се спуштаат и до околу -10 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу 10 степени.

Според сегашните анализи продор на изразен сибирски бран може да очекувме уште во првите денови од новата 2019 година.

Подготви: Славчо Попоски