Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 17 мај 2017 година, 137-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:07, а ќе зајде во 19:51 часот. Денот ќе трае 14 часа и 44 минути.

Ова утро во Македонија имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време. Во североисточните и источните предели има повеќе сонце преовладувајќи претежно сончево време. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Попладне развој на нестабилност што ќе услови умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито време. Врнежите повторно поинтензивни ќе бидат во јужната половина од Македонија. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 6 до 15 степени, додека пак максималните дневни ќе достигне до 14 односно до 24 степени. УВ индексот ќе има вредност 6. 

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Попладне услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 21 степен. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Од четврток стабилизација на времето. Во четврток претежно сончево и потопло време со дневни температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 19 до 28 степени, додека пак утринските ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од 4 до 13 степени. Во петок по свежото утро со утрински температури од 2 до 11 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури од 20 до 29 степени. Во сабота и недела повторно услови за дестабилизација на времето. Во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, попладне услови за развој на нестабилност и локални врнежи од дожд. Во сабота минималните температури од 4 до 13 степени, а максималните дневни од 21 до 30 степени, а во недела утринските од 6 до 15 степени, а дневните од 15 до 24 степени. 

Weather4all.com.mk