Временска прогноза до крајот на неделата

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 27 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен ветер. Дневната температура ќе достигне до 34 степени.

Утре и задутре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.