Времен сообраќаен режим на два патни правци во државата

АМСМ утрово информираше дека денес ќе се изведуваат  градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А3, патен правец Ресен - Битола, во времетраење од еден ден, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Истовремено, од таму информираат дека денес и во наредните 30 дена ќе се изведуваат  градежни активности  на магистрален пат А1, делница: Скопје - Неготино, при поставување на електрично осветлување на крстосницата Велес - Југ за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.