Времен прекин на линиите 25, 25А и 25Б

Претстојниов викенд (9.06 сабота и 10.06 недела) автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) нема да сообраќаат, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно после 15.30 часот во недела.

Причина за времениот прекин на автобуските линии е одржувањето на брзинско-ридскиот натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“ кој ќе се одржи на Водно. Од тие причини, патот на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија до Средно Водно ќе биде затворен за сообраќај, што условува прекин на автобуските линии.

Истовремено, Ве информираме дека од 10.06 (недела) автобуските линии на ЈСП Скопје почнуваат со летен режим на работа. Летниот возен ред може да се види на нашата веб страна www.jsp.com.mk.