Времен прекин на автобуските линии кон Водно поради манифестацијата „Прв до врв“

Поради одржување на манифестацијата „Прв до врв 2019″  утре од  девет до 10:30 часот нема да сообраќаат линиите кон и од Средно Водно.

Времен прекин ќе има на линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно), соопшти Јавното претпријатие Скопје.