Време е за промена: 6 навики кои прават да се чувствувате постојано уморно

Недостатокот на добар сон не е единствената причина која прави да се чувствуваме уморно во текот на денот. 

Постојат многу мали нешта кои нè истоштуваат умствено и физички, а често не сме ни свесни за тоа. Ова се шест од нив:

Не пиеме доволно вода

Недоволната хидратација е честа кај луѓето, а таа придонесува за намалена енергија а често и главоболки. Тоа е причинето од намалениот волумен на крв предизвикан од недостатокот на вода, што прави нашето срце да чука помалку ефикасно, намалувајќи ја брзината со која кислородот и другите хранливи материи стигнуваат до нашите мускули и органи. Експертите препорачуваат барем 8 чаши вода дневно.

Не конзумирате доволно железо

Недостатокот од железо е уште една причина за намалена енергија, но и слабост, иритираност и недостаток на фокус. Затоа, зголемете го внесот на храна која е богата со железо, но во комбинација со витамин Ц. Само за пример, едно какао дневно може да направи огромна разлика. 

Секогаш мислите на најлошите сценарија

Не можеме да ви кажеме да не се нервирате, но ако шефот ве поканува на состанок, а вие веднаш мислите дека ќе добиете отказ, тогаш дефинитивно треба да направите нешто околу тоа. Ваквите мисли ве истоштуваат, а често на крајот на денот не сте ни свесни зошто е тоа така. 

Го прескокнувате појадокот

Докторите велат дека појадокот е најважниот оброк во денот, а во право се за тоа. Храната којашто ја јадеме ни дава енергија во текот на денот, а прескокнувањето на појадокот е една од најлошите одлуки кои ги правиме во таа насока. 

Не се храните здраво

Не морате да бидете гуру за здрава исхрана, но ако постојано конзумирате нездрава, мрсна и преработена храна, тоа дефинитивно придонесува кон вашиот замор. Таквата храна придонесува за брзо качување на нивоата на шеќер во крвта, а потоа и брз замор, особено доколку ручате таква храна, а потоа треба да продолжите со работа.

Сакате да им угодите на сите околу вас

Ваквата навика може да е добра за другите луѓе, но тоа одзема од вашата среќа и енергија, во голема мера. Особено голем замор ви предизвикуваат работите кои не сакате да ги правите и кои ви причинуваат нервоза, но за кои не можете да кажете не. Затоа, одредете приоритети, не морате да се согласувате на сè. Пробајте.