Време е за поинаков омлет: Со цимет и јаболки

Ако сте обожаватели на омлетот, веројатно сте го пробале во различни солени варијанти. Но, овој пат ви нудиме поинаков рецепт на омлет со цимет и јаболки.

Потребни состојки:

3 јајца

1 мала средна јаболка

1 супена лажица кисела павлака

1 супена лажица кафен шеќер

2 лажици путер

½ лажичка цимет

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со павлаката и ставете ги на страна.  Во тавче ставете половина од путерот (1 лажица). Додајте ги јаболките, циметот и кафениот шеќер. Пржете неколку минути, па ставете во чинија да се олади.

Исчистете го тавчето. Ставете ја смесата на јајцата и павлаката. Мешајте и пржете ја смесата неколку минути, додека не добиете омлет каков што сакате. Една минута пред да е готов, ставете ги јаболките кои сте ги испржиле со шеќерот и циметот на средина на тавчето.

По желба можете да послужите и наросено со шеќер во прав.