Време е да престанеме да бидеме строги кон себеси...

Ова е совет кој можеби ретко си го кажуваме себеси, но време е да престанеме да бидеме строги кон себеси.

Добри сме кон другите, нежни и полни со разбирање, но што правиме кон себеси? Сета таа нежност и емпатија можеме да си ја упатиме и кон себе, а потоа да видиме како ќе ни се смени животот.

Така, наместо постојано да си упатуваме критики, наместо да очајуваме и да мислиме дека постојано грешиме, можеби е време да ја кренеме главата и да почнеме да веруваме во себеси, малку повеќе од вчера, а многу повеќе од минатиот месец. Самодовербата е моќна алатка на која често забораваме, а таа се гради со љубовта кон себеси. 

Време е да го прекинеме тој круг  каде постојано се убедуваме  дека не сме доволно добри, каде другите се секогаш подобри од нас и каде мислиме дека нема да успееме. Тоа не е добро, а време е конечно да престанеме со таквата навика. Да научиме еднаш засекогаш, да престанеме да бидеме мазохисти. Време е да престанеме да фрламе камења кон себеси, да се казнуваме дека нешто пропуштаме. 

Не е лесно, но можеме да го постигнеме тоа чекор по чекор. Убава музика, убави мисли, убави книги, добри луѓе покрај нас. Малку по малку – сè додека не ја смениме таквата навика. Сè додека не почнеме да се будиме со насмевка, а да одиме на спиење со мир во душата, знаејќи сме добри, навистина добри.

Супер сме!