Време е да ги подготвиме куферите: Велигденскиот одмор ве чека во хотелот Мона Плаза на Златибор

Се радуваме на првите сончеви зраци, пролетниот оптимизам и будењето на природата.

За сите нас прва асоцијација за овој период е бегство од градот, пакување на куферите и уживање во моментите со семејството. Освен пролетта, посебно важен за нас овој период е празникот Велигден.

Хотел Мона Плаза Златибор е идеално место за опуштање и уживање со семејството и пријателите.

Поминете време со своите најблиски во периодот од 13 до 18 април во преубавиот амбиент на хотелот и уживајте во празничната атмосфера на златната планина и тоа по цена од 147 евра по човек за три ноќевања, додека децата до 10 години престојуваат бесплатно.

Хотелот се наоѓа во центарот на Златибор, во средиштето на сите природни и антропогени атракции кои ќе ве остават без здив.

Тоа ви дава можност да испланирате одмор кој ќе биде по ваша желба, а наша препорака е да ги пробате и познатите златиборски чаеви во склоп на хотелскиот бар, да прошетате до познатиот Кралевски плоштад, а после тоа може да планирате и возење со најдолгата гондола на светот или да ја посетите познатата пештера која се наоѓа во близина. Се е блиску и на дофат!

За сите вие кои сакате тишина и мир, време за опуштање и уживање во ексклузивниот комплекс за ревитализација на телото и духот, тука е одличниот велнес центар. За љубителите на хедонизмот, тука е ресторанот за балканска храна „Перун“, додека најмладите гости ги очекуваат аниматори и различна забавна програма во најпопуларната детска игротека на Златибор. Всушност во пресрет на Велигден, за најмладите гости се подготвува и фарбање јајца, а за најкреативните следува награда.

Хотел Мона Плаза Златибор е место каде за секој постои нешто поради кое ќе проработат хормоните за среќа, неопходни за совршен одмор.