ВРЕДИ го промовираше Невзат Бејта како нивен кандидат за градоначалник на Гостивар на изборите во јануари

Коалицијата ВРЕДИ соопшти дека на изборите за Општина Гостивар на 11 јануари, нивен кандидат за градоначалник ќе биде Невзат Бејта.

-Одлуката доаѓа по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар, каде што Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните мандати на чело на општината, велат од коалицијата.

„ВРЕДИ верува дека Невзат Бејта претставува стабилност, професионализам и визија за континуиран развој на Гостивар. Коалицијата останува посветена на тоа да им понуди на граѓаните силни алтернативи и докажани кандидатури во конкретни работи“, велат од ВРЕДИ.