Вреди да го пробате: Сочен сос од пилешко и кашкавал (ВИДЕО)

Ако се мислите што да направите за ручек, а немате многу време ви го предлагаме овој бафало пилешки сос во кој ќе се заљубите уште по првото залче.

Потребни состојки:

  • 1 цело печено пиле, исечено на коцки
  • 230g крем сирење
  • 1 шолја бафало сос
  • 1 шолја бел дресинг за салата
  • 1 шолја изрендан кашкавал

Подготовка:

Добро промешајте ги сите состојки во еден стаклен сад, а потоа ставете ги во огноотпорен сад за печење.

Истурете уште малку сирење или кашкавал по желба, па печете 20 минути на 175 степени.