Врчак со концерт во Бутел, најави градоначалникот Костовски

Врчак со концерт во Бутел! Човекот со кој пораснаа неколку генерации по долга пауза ќе настапи во општина Бутел, најави на својот фејсбук профил првиот човек на Бутел Дарко Костовски. 

Детали најави наскоро. 

Инаку, оваа скопска општина слави роденден - две децении постоење. 

Следниот викенд, поточно 13 и 14 јуни, на големиот паркинг на спортско-рекреативниот центар “Македонија” кај “Олимпија” бутелчани ќе имаат можност да се забавуваат со најголемите македонски музички изведувачи.

Куку Леле, Сузана Спасовска, Влатко Миладиновски, Пајак, Таско, КУД Плетеница, Мелани Тарчуговска, Јована Богдановска, Марија Спасовска и Јанко од Колумбија ќе се погрижат за незаборавна забава во нашата општина!