Враќањето на НАТО на Криволак ќе донесе радиоактивна канцерогена прашина во Скопје?

Какво влијание врз воздухот и животната средина ќе има враќањето на американската армија на Криволак?  Ваква дилема на социјалните мрежи се отвори по вчерашниот настан на кој американските воени единици прикажаа дел од нивната обука на овој полигон. На вежбата за првпат земаа учество воздухопловни сили.

Во рамки на настанот, Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска најави поголема искористеност на Криволак во иднина, со што, според неа, ќе профитира домашната економија. Оваа изјава предизвика реакции на социјалните мрежи, но една со голема брзина се прошири вирално.

Љубомир Чојлески на фесјбук отвори дебата за тоа какво влијание ќе имаат авионите кои своите вежби ќе ги одржуваат на воениот полигон во близина на Скопје.

Неговиот фејсбук статус го пренесуваме во целост:

Шеќеринска најави дека полигонот Криволак ќе се користи за вежбовно гаѓање на американската авијација. Ќе пробам што...

Posted by Љубомир Чојлиски on Wednesday, August 15, 2018