Врачена плакета на Наце Петрушевски, единствениот жив борец од Илиден во НОБ

По повод одбележувањето на 13 Ноември, 80 години од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети Наце Петрушевски од населено место Бучинци кој има 103 години и е единствениот жив борец од Илинден, кој учествувал во НОБ.

При посетата градоначалникот Георгиевски му врачи плакета на дедо Наце за особен придонес и учество во Народно ослободителната борба на Македонија.

Во посета кај Наце Петрушевски беше и Никола Ангеловски - Коле, најмлад курир учесник во НОБ, кои раскажуваа за нивниот животен пат и борба за слободна Македонија.