Вработување во Пивара Скопје

ОГЛАС ЗА РАБОТА: ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР

Пивара Скопје Финансии

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки.

Што е тоа што бараме:
ВСС – економска насока, Економски факултет, по можност насока Сметководство и Ревизија или Финансиски менаџмент
Искуство од минимум 3 до 5 години во областа на финансиите, во полето на внатрешна контрола, ќе се смета за силна предност
ACCA или слична квалификација ќе се смета за силна предност
Одлични познавања на работа во пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
Солидно познавање на англискиот јазик
Искуство во работа во SAP-системот ќе се смета за предност

Краток опис на основните одговорности:
Спроведува поединечни ревизии со изготвување програми и прашалници
Врши оценка на адекватноста и ефикасноста на системот на внатрешна контрола во процесите
Извршува внатрешни ревизии согласно со Рамката за интерна контрола од групацијата
Известува за забелешките од извршените активности и дава предлози за нивно подобрување
Ги следи извршените препораки (follow-up)
Спроведува follow-up ревизии
Врши ревизорски тестови и врши подготовка на работна документација како поддршка за извршување соодветен процес на ревизија, документи, тестови и резултати
Учествува во проекти и дава поддршка во делот на правилна имплементација на внатрешните контроли
Придонесува во управувањето со деловните ризици во компанијата
Тесно соработува со Одделот за сметководство и финансиско известување во поглед на усогласеноста со сметководствените политики и процедури според барањата на локалната регулатива и групацијата

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.
Минималната основна бруто-плата за ова работно место е 60,000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 45 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат тука, најдоцна до 13.07.2016 год.
Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Краен рок за пријавување: 13.07.2016