Вработување: Аеродром "Александар Македонски", Стопанска банка, Телеком, Охридска банка, Тинекс, Анхоч

За сите кои бараат работа... Вработуваат: Аеродром "Александар Македонски", Стопанска банка, Телеком, Охридска банка, Тинекс, Анхоч...

ТИНЕКС

ИНЕКС-МТ има потреба од млади, енергични, претставителни лица со можност за напредок во кариерата за следното работно место во Скопје:

 АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР - 1 лице

 Основни задачи и одговорности:

 • Секојдневно организирање на работниот ден на Генералниот директор 
• Комуникација и координација со компаниите и лица со кои соработува Генералниот директор
• Закажување и организација на состаноци на Генералниот директор и менаџментот на компанијата
• Координација, комуникација, контрола и секојдневно учество во работата на погоните за производство во компанијата
• Следење на пазарната позиција на компанијата во делот на сопственото производство и нејзината конкуренција
• Изготвување на редовни извештаи и анализи за тековната работа во компанијата
• Изготвување на извештаи и анализи за продажба
• Комуникација со секторите во компанијата и координирање на истите
• Комуникација и координација со клиенти и големи потрошувачи на компанијата како и следење на соработката со нив

Потребни квалификации:

• Завршено високо образование

• Соодветно работно искуство ( ќе се земе за предност)
• Одлично познавање на англиски јазик
• Солидно познавање на втор странски јазик (ќе се земе за предност)
• Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот

Очекувани вештини и способности:

 • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
• Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
• Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
• Професионален и позитивен однос
• Флексибилност за работа во динамична атмосфера
• Способност за тимска работа
• Способност за работа под притисок

Услови:

Основна нето плата: 25.000 ден. Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на Договорот за работа.

 Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот

 Молба за прием, со кратка биографија (CV), диплома за завршено образование, една фотографија, како и контакт телефон, испратете на следната адреса:Бул. 3-та Македонска бригада бр. 56 Скопје или на е-mail: vrabotuvanja@tinex.com.mk

 Молбите кои не се потполни нема да се разгледуваат.

 Краен рок за пријавување: 20.05.2016

 

АНХОЧ

Анхоч објавува конкурс за новo работнo местo со полно работно време на позициja:

1. Специјалист - референт за продажба во продажен салон во Скопјe

Основни услови за вработување:

    Големо познавање на современата ИТ технологија
    Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
    Високи комуникативни способности
    Aмбициозност, динамичност и способност за тимска работа
    Постојано живеалиште или постојан престој во Скопје или околината

1. Специјалист - референт за продажба во продажен салон во Тетово
  
Основни услови за вработување:

    Големо познавање на современата ИТ технологија
    Одлично познавање на пишан и говорен Англиски јазик
    Високи комуникативни способности
    Aмбициозност, динамичност и способност за тимска работа
    Постојано живеалиште или постојан престој во Тетово или околината
    Предност имаат кандидатите од женски пол
    Предност имаат кандидатите кои имаат познавање на пишан и говорен Албански јазик

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме во најкраток рок да ја потполните пријавата за вработување и да доставите Ваше CV (кратка биографија со слика) на адреса rabota@anhoch.com со назнака за кое работно место аплицирате. 

Кандидатите кои ќе бидат одбрани за информативен разговор ќе бидат известени во рок од 15 дена заради понатамошен контакт. 

За сите дополнителни информации во врска со работните места можете да се обратите на истата адреса.
Ве молиме без телефонски јавувања и барање информации преку трети лица.

Ви благодариме однапред на Вашата апликација.

Краен рок за пријавување: 20.05.2016

 

ТЕЛЕКОМ

Работно место: Специјалист за Сегмент на определено време до 01.05.2017 година

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:

- Високо образование - Економски факултет, Технички факултети - Електротехника, Телекомуникации или останати факултети 

- 3-5-години соодветно работно искуство
- Напредни познавања на MS Office
- Познавање на структури на кориснички податоци и системи за чување и обработување на кориснички податоци
- Познавање на деловните процеси во бизнис продажбата
- Познавање на телекомуникациски пазар со посебен фокус на бизнис корисници
 

Работни задачи:

- Да предлага, развива и применува принципи за сегментација на корисници

- Годишно ажурирање и следење на стратегиската сегментација за покривање на корисничката база со различни продажни канали
- Да ги разрешува прашањата/конфликтите за распоредување на корисниците меѓу деловните центри
- Подготовка на месечни анализи за приходи, број на корисници и други параметри по сегемeнти
- Анализа на сегменти и иницирање на соодветни предлози за подобрување на продажбата 
- Тековно следење на успешноста при таргетирање на деловните корисници 
- Воведување и управување со моделите за вредност на корисник (сегментација по вредност на корисник)
- Месечно одржување и усогласување на влезните параметри во пресметките за сегментација по вредност на корисник
- Изработка на регуларни и ad-hoc извештаи и презентации по сегменти, канали
- Учествува во подготовка на бизнис извештаи кон раководните структури во компанијата (GMC, BoD, Directors committees, итн.)
- Да извршува и други деловни задачи од делокругот на активностите на организациската единица дадени од страна на претпоставениот

Способности и вештини:

Добри аналитички способности, добри комуникациски способности, тимска работа, проактивен пристап кон подобрување на постоечките методи на работење, пренесување на знаењето

Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик

Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линкhttp://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Специјалист за Сегмент

Огласот ќе биде објавен на ден 11.05.2016 година и ќе трае до 18.05.2016

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00

Основна нето плата е во висина од 25.742,00 денари и компаниска стимулација од 5.133,00 денари.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Краен рок за пријавување: 18.05.2016

 

ОХРИДСКА БАНКА

 

Во услови на висококомпетитивен пазар на труд, особено е важно да стекнете професионално искуство што поскоро, уште додека сте студент. Охридска банка Ви нуди можност за збогатување на Вашето CV преку посетување студентска пракса. 

Доколку во моментов сте на завршните години на Вашите универзитетски студии и барате можност да го стекнете Вашето прво професионално искуство во областа на банкарството и финансиите, тогаш нашата Банка е вистинското место за тоа. 

Праксата во Охридска банка ќе Ви овозможи да го откриете Вашиот потенцијал и да ја покажете Вашата посветеност. Ќе имате можност да набљудувате и активно да учествувате, да поставувате прашања и да добиете корисни совети од искусни професионалци. На крајот од праксата, ќе добиете сертификат и препорака.

Потребни квалификации:

Да сте студент на завршни години на додипломски студии или постдипломски студии на Економскиот, Правниот или на Факултетот за информатичка технологија;
Да имате солидно познавање на англискиот јазик; 
Да имате познавање на MS Office пакетот; 
Да имате подготвеност за работа и тимски дух. 

Праксата може да биде во траење од два или три месеци и ќе се одвива во деловните објекти на Банката низ Македонија: Скопје, Охрид, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија. 

Доколку сте заинтересирани, испратете Ваша професионална биографија во која ќе биде наведен и Вашиот просек, и мотивациско писмо во кое ќе го образложите Вашиот интерес за посета на пракса во Охридска банка на e-мејл: kariera@ob.com.mk најдоцна до 18 мај 2016 година. 

Задолжително напоменете во кој град сте во можност да ја посетувате праксата. 

Напомена: бројот на практиканти е ограничен и ќе следува процес на селекција. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Краен рок за пријавување: 18.05.2016

 

КАРИЕРА ВО СТОПАНСКА БАНКА - АД СКОПЈЕ

 

Стопанска банка има потреба од редовно годишно надополнување на потенцијалната базата на заинтересирани кандидати од следниве области:

Агенти за подршка и продажба на банкарски прозиводи и услуги во 24/7 Контакт Центарот на Банката
Советници за продажба во филијалите на Банката
Лица со истакнати резултати и искуство во банкарското работење
ИТ професионалци со познавање и искуство во дигитален маркетинг, web и графички дизајн
Банката го задржува правото, доколку се јави потреба во текот на 2016 година да ги контактира заинтересираните кандидати.

Ако сакате да влезете во потенцијалната кандидатска листа за работни позиции кои би се отвориле во текот на годината, пополнете ја веднаш нашата online апликација на следниотлинк

Студентска пракса 

Ако сте заинтересирани да стекнете студентска пракса во нашата компанија, Ве молиме испратете кратка биографија и придружно писмо, на англиски јазик, со назнака "студентска пракса" на следнaта e-mail адреса: human.resources@stb.com.mk.

 Краен рок за пријавување: 18.05.2016

 

ТАВ МАКЕДОНИЈА

ТАВ Аеродроми, еден од водечките светски аеродромски оператори, управува со аеродромите Ататурк во Истанбул, Есенбога во Анкара, Аднан Мендерес во Измир, Милас во Бодрум, Газипаша во Аланија во Турција, Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија и Загреб во Хрватска. Холдингот исто така дава услуги преку свои подружници во други сфери на аеродромските операции вклучувајќи бесцарински продавници, угостителство, прифат и отпрема на воздухоплови, ИТ, безбедност и оператива. Заедно со своите подружници, компанијата услужи повеќе од 102 милиони патници во 2015 година на 780.000 летови преку своите 50.000 вработени. 

ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата: 

РЕФЕРЕНТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА И ЖИВОТНА СРЕДИНА

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

Обезбедување, одржување и употреба на опрема за лична заштита;
Организирање и спроведување на периодични проверки на машини, опрема, уреди и инсталации во компанијата согласно важечка законска регулатива од аспект на безбедносни и технички стандарди;
Организирарање и спроведување на редовни контролни прегледи и мерења на штетни влијанија во работна средина согласно законска регулатива и стандарди (физички, хемиски, биолошки, микроклиматски, осветлување итн.);
Препознавање на ризиците согласно извршена анализа за постигнување оптимална контрола и намалување на опасностите од аспект на за безбедност и здравје при работа; 
Проценка на спроведувањето на безбедност и здравје при работа;
Развој на потребни контроли за ризици на работното место и опасности по безбедноста;
Соработка со Трудовиот инспекторат во врска со регулативата за безбедност и здравје при работа;
Присуствување на состаноци и давање професионални мислења за работи кои влијаат на безбедноста и здравјето на работното место;
Водење евиденција согласно пропишана законска регулатива за извршени обуки; тестови на опремата за работа; спроведени мерења на физичките, хемиски и биолошки ризици; микроклима и осветлување на работната средина; редовни и периодично медицински прегледи; несреќи на работното место, професионални заболувања и смртни случаи на работното место. Овозможување на спроведувањето медицински прегледи (редовни и периодични) за работниците кои работат под посебни услови;
Излегување на терен и вршење теренски активности, доколку е потребно според обемот на работата; 

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ
Високо образование (VII Степен) – пожелно Електро-технички факултет;
Положен стручен испит за безбедност при работа од МТСП ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик;
Најмалку 2 години работно искуство во соодветна област;
Најмаклку 3 години работно искуство; 

ВЕШТИНИ
Познавање на законите и подзаконските акти од областа на БЗР ќе се смета за предност;
Способност за следење и брзо учење на Закони, Регулативи и технички информации во соодветната област за БЗР;
Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
Аналитичност и ориентираност кон детали;
Одлично планирање и организациски вештини;
Напредно познавање од Microsoft Office и Информациски Системи;
Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација); 

Сите заинтересирани кандидати своето CV на англиски јазик треба да го испратат на маил адреса: kristijan.petkovski@tav.aero, најдоцна до 25.05.2016. 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.

Краен рок за пријавување: 20.05.2016