Вработeните во воздухопловниот транспорт се најплатените работници во државата

Со просечна плата од 60.048 денари вработнеите во воздухопловниот транспорт во август годинава се најплатените работници во државата.

Нивната заработувачка е еднаква на две ипол просечни плати на ниво на држава. Од друга страна, најслабо платените се работниците во заштитните и истражните дејности со просечно исплатени 13.186 денари во август, што е само половина од просечната плата во државата.

Инаку, според вчера објавените податоци на Државниот завод за статистика просечната плата исплатена по работник во август изнесува 24.210 денари и е за 0,6 проценти поголема од јулската, а за 5,7 проценти поголема од лани во август.

Воздухопловците до платата од илјада евра во август стигнале со месечно покачување од 16,6 проценти. Тие им го земаа приматот на вработените во компјутерсктото програмирање, консултантските и сродните дејности кои во јули беа најдобро платени. Во август платата на компјутерцџиите е намалена за околу три проценти, па со 58.420 денари падна на второто место.

Меѓу најдобро платените и во август се вработените во телекомуникациите каде прсекот надминува 41.000 денари и тоа со месечно намалувањеод околу два процента, во финансиско-услужните дејности, каде надминува 42.000 денари и покрај августовскиот пад од 5,5 проценти. Над 40.000 денари е просекот и во фармацијата, каде што исто така имало намалување, но сосема минимално.

Најниските плати се во заштитните и истражни дејности – 13.186 денари, во услугите за одржување на згради – 15.699 денари, во дејностите за подготовка на оброци – 15.713 денари, во производстовото на мебел – 15.434 денари и традиционално во кожарството – 14.728 денари, производството на облека – 15.366 денари и во рибарството и аквакултурата – само 14.536 денари.