Вработените од Телеком пошумуваа на Јасен

Вработените од Македонски Телеком учествуваа во акција за пошумување и обнова на шумите во Националниот парк Јасен. Ова подрачје беше погодено од големиот пожар во август 2025 година

. „Акцијата на Јасен претставува уште еден чекор во напорите за обнова на шумите и зачувување на природните ресурси. Со оваа иницијатива, ние продолжуваме да придонесуваме кон подобрување на екосистемот, како дел од нашата ESG агенда и заложбата за одржлив развој“ - изјави Славко Пројкоски, Главен директор за финансии.

Како дел од Дојче Телеком, компанијата дава активен придонес во ограничувањето на климатските промени. Неодамна групацијата постигна климатска неутралност во своето работење и ги намали своите емисии за повеќе од 94 проценти во споредба со 2017 година преку: зелена електрична енергија, енергетска ефикасност и оптимизација на згради.

Дополнително се фокусира на циркуларна економија и ефикасно користење на ресурсите за понатамошно подобрување на климатската рамнотежа.

Акцијата за пошумување на Јасен е една од низата акции коишто се преземаат за обнова на зелениот појас во Македонија којшто секоја година е зафатен од големи шумски пожари.

Одржливоста останува од суштинско значење за Телеком.