Вработени во автопералница украле пари од автомобил оставен на чистење

На подрачјето на Центар во Скопје, вчера во 14:20 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Р. Р. (21) и Џ. Р. (32), двајцата од Скопје.

-Тие се сомничат дека одзеле пари од возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З. Д. С.(47) од Скопје, кое истиот ден било оставено за чистење во автопералницата во која работеле, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 235 од Кривичниот законик.