Вработена во градинка во Берово згазнала дете на прстот, па колегата ѝ се заканувал - двајцата добија кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 06.07.2026, првопријавената, вработена во Општинската јавна установа за деца - градинка во Берово, згазнала на прст од рака на малолетно дете во градинката.

Од друга страна, второпријавениот, во истата установа упатувал закани на првопријавената.