Вработена на Клиниката тешко повредена при пад на паркинг

Педесет и осумгодишна жена од Скопје, вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, вчера била донесена повредена на Клиниката.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и по кажување на повредената, констатирале дека таа паднала на паркингот во Клиниката додека одела на своето работно место, при што ѝ биле константирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен трудов инспектор.