Денеска (01.08.2024) во 07.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од полицијата.