Вчера, во 9.32 часот, во СВР Штип било пријавено дека во КПУ „Затвор-Штип“ било нападнато службено лице, кое потоа дошло во просториите на СВР Штип и пријавило кривично дело по чл. 144 ст. 4 од КЗ на РСМ.
Според пријавеното, истиот ден околу 9 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ „Затвор-Штип“, заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од него со закани за неговиот живот и за животот на неговото семејство по што со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда – расеченица.
За настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Штип и се работи на расчистување на случајот.