Вработен во средно училиште во Гази Баба натепал колега во ходникот

Вчера утрината во средно училиште во Гази Баба се случил инцидент помеѓу двајца вработени во него.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 08:15 часот во СВР Скопје, С.Б.(42) од Скопје, вработен во средно училиште на подрачјето на Гази Баба, пријавил дека околу 07:40 часот во ходник на училиштето бил физички нападнат од неговиот колега Ј.П.(50) од Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.