Вработен во основно училиште се соблекувал пред малолетно девојче

На 30.05.2022 полициски службеници на СВР Велес го привеле во полициска станица С.Ф., поради сомнение дека се соблекол пред малолетно женско лице во двор на основно училиште во велешко село, во кое бил вработен.

Во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.