Вработен во обложувалница се „послужил“ со 1500 евра од каса

Поднесена е кривична пријава против 36-годишен скопјанец со инцијали И.А, поради сомнение дека сторил кривично дело „затајување“, известува МВР.

Како што информираат, на 19 мај годинава, додека пријавениот бил на работното место на улица „Варшавска“ во општина Карпош, своеволно и без дозвола од работодавачот, од благајната на видео-лотариските терминали одзел 90.000 денари.

Подоцна, по пристигнување на менаџерот, заедно ги преброиле парите и бил констатиран кусок, по што му било побарано да ги врати парите, но работникот не го сторил тоа.