Вработен на наплатната станица Миладиновци физички нападнат од колега

Инцидент на наплатна станица Миладиновци. 

- На 08.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, М.А.(48) од Скопје пријавил дека околу 18:50 часот на работното место на наплатна станица Миладиновци, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега З.Д., соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.