Вработен на Клиника пријавил дека бил нападнат од друг вработен

Скопјанец вработен на Клиника пријавил дека бил нападнат од друг вработен во истата клиника. 

Како што соопшти полицијата, вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Ј.Н.(55) од Скопје пријавил дека на 28.11.2023 околу 10.40 часот на работното место во една од клиниките при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, К.И., вработен во истата клиника, се однесувал агресивно кон него и се обидел физички да го нападне.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.